Тинејџер во Белград криел снајпер, бомби и повеќе од 100 килограми дрога во мотел

Тинејџер во Белград криел снајпер, бомби и повеќе од 100 килограми дрога во мотел

пред 2 часа

Српската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел, пронајде снајперска пушка со придушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.

При претресот на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца налик на марихуана, 3,5 килограми супстанца налик на кокаин и четири килограми супстанца налик на хероин, соопшти српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пронајдената пушка.

Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за незаконско производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац.

Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту пак за тоа за кого била наменета дрогата.

Текстот Тинејџер во Белград криел снајпер, бомби и повеќе од 100 килограми дрога во мотел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top