На тинејџер од Флорида ќе му се суди како возрасен бидејќи ја убил својата девојка, прободувајќи ја 114 пати со нож.
Четиринаесетгодишното момче е осомничено за убиството на Тристин Бејли (13). Тој првично бил обвинет за убиство од втор степен, но по разгледувањето на случајот и тежината на извршеното злосторство, властите поднесоа обвинение за убиство од прв степен до судот за возрасни.
Девојчето било пронајдено мртво во шума на 9-ти мај, со 114 убодни рани.
Осомничениот им рекол на пријателите дека има намера да убие некого, а на неговата облека била пронајдена ДНК на жртвата, пишува „Ен-би-си њуз“.
„Не кажал за кого станува збор, но им навестил на пријателите дека ќе убие некого со тоа што ќе ја однесе жртвата во шумата и ќе ја прободе со нож“, изјави државниот правобранител.
На 9 мај, додека бил во полициско возило, осомничениот објавил селфи. Полицијата соопшти дека тој се фотографирал додека Бејли сè уште се сметала за исчезнат, а осомничениот за сведок.