Петнаесетгодишниот Л.Ц. вчера почина во Књажевац, Србија, по расправија со врсник, пренесува „Телеграф“. Според весникот, Љ.П. го удрил со нога во грбот за време на расправијата, при што тој паднал и се здобил со тешка повреда на главата. Инцидентот се случил околу 18 часот.
„Љ.П. го удрил Л.Ц. со нога во грбот, поради што Л.Ц. паднал и се здобил со отворена рана на слепоочницата. Тој починал на самото место како последица на повредата“, изјавил извор за „Блиц“.
Полицијата извршила увид на лице место, а според „Блиц“, против Љ.П. ќе биде покрената постапка за кривично дело предизвикување смрт од небрежност.
Текстот Трагедија во Србија: 15-годишно момче почина по тепачка со врсник; откриени детали е превземен од МАКФАКС.






