Трагедија во Црна Гора: маж загина кога активирал бомба, повредена и неговата сопруга

Трагедија во Црна Гора: маж загина кога активирал бомба, повредена и неговата сопруга

пред 4 месеци

Маж во Црна Гора загина кога активирал бомба во близина на куќата во градот Годијево, пренесува порталот „Аналитика“.

Трагедијата се случила утрово, при што била повредена и неговата сопруга.

Како што изјавиле од Полициската управа, таа е надвор од животна опасност.

„Мажот П. Р. од Годије кај Бијело Поље утрово активирал бомба во близина на куќата, при што добил тешки повреди и починал. Повредена е жена, која била во непосредна близина, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност“, е потврдено за агенцијата РИНА.

Понатамошната истрага ќе ги утврди сите околности што довеле до овој трагичен настан.

Текстот Трагедија во Црна Гора: маж загина кога активирал бомба, повредена и неговата сопруга е превземен од МАКФАКС.