Трагедија кај Нанси: Се урна авион на школа за падобранство

Трагедија кај Нанси: Се урна авион на школа за падобранство

пред 4 часа

Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти.

Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци.

Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека министерот е на пат кон местото на несреќата, каде што е во тек истрага за причините за падот на авионот.

Текстот Трагедија кај Нанси: Се урна авион на школа за падобранство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top