Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“

Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“

пред 2 часа

Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика.

Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД.

Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на папата и дека не сака папа кој, според него, поддржува ставови за нуклеарното оружје на Иран и американската надворешна политика.

Папата Лав XIV возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се плаши од администрацијата на Трамп.

„Не се плашам да ја пренесувам пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека Црквата не делува како политички актер, туку како глас на мирот.

Текстот Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top