Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен, или нема да го има

Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен, или нема да го има

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека мировниот договор со Иран „или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“.

Во објава на социјалната мрежа „Трут Сошл“, Трамп рече дека мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе биде подобар од „катастрофалниот“ договор постигнат од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кој, според него, бил директен и отворен пат кон нуклеарно оружје за Иран.

„Не, јас не работам такви работи. Договорот со Иран или ќе биде одличен и значаен, или нема да има договор“, рече Трамп.

Трамп рече дека „им се смее на сите демократи, републиканци и будали кои не знаат ништо за потенцијалниот договор“ што неговата администрација го склучува со Иран, наведувајќи дека тоа се „луѓе кои целосно го изгубиле патот, постојано поддржувајќи лоши политики и уште полоши кандидати“, но кои постојано ја критикуваат секоја негова „фантастична победа“.

„Овие луѓе треба да си одат дома и да се одморат, тие не прават ништо друго освен создавање поделби и загуби. Со други зборови, тие се губитници“, рече Трамп.

Заедничкиот сеопфатен план за акција, кој беше постигнат за време на Обама, обезбеди нуклеарната програма на Техеран да биде „исклучиво мирнодопски“, а за возврат, САД се согласија да ги укинат санкциите претходно воведени врз Иран поради неговото нуклеарно оружје, пренесува Танјуг.

Текстот Трамп: Договорот со Иран ќе биде одличен, или нема да го има е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top