Трамп за демонстрантите кои рушат споменици: Ставете ги тие животни во затвор

пред 4 години

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „животни“ групата демонстранти кои рушат споменици, повикувајќи ги безбедносните сили да ги приведат за уништување имот. „Ставете ги овие животни во затвор, сега“, напиша американскиот претседател на Твитер, придружено со снимки од уривањето на споменик во Портланд. Трамп им посвети неколку објави на Твитер на демонстрантите, нарекувајќи ги „радикали“ и повикувајќи го ФБИ да ги приведе. Тој подоцна на својот профил на социјалните мрежи напиша дека „Калифорнија и Њујорк отишле во пеколот“ и ги повика гласачите да го изберат него на изборите на 3 ноември. Републиканскиот претседател ја продолжува својата политичка кампања со посета на Флорида, една од сојузните држави клучна за конечниот победник на претстојните избори. Тоа е првиот политички митинг на Трамп откако се излечи од коронавирусот.

Share
Scroll to Top