Трамп: Нема да го нападнеме Иран пред изборите во САД

Трамп: Нема да го нападнеме Иран пред изборите во САД

пред 3 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгресот на САД на 3 ноември. Тој изјави дека Вашингтон води продуктивни разговори со Техеран, но дека американската блокада на Иран ќе остане на сила.

Објавата на Трамп доаѓа само еден ден откако „Аксиос“ (Axios) извести дека Пентагон ѝ наредил на американската војска да ги финализира подготовките за можни нови големи напади врз Иран. Според тој извештај, американски и израелски претставници ја разгледувале можноста за воена операција пред изборите, иако Трамп сè уште немал донесено конечна одлука.

„Водиме продуктивни разговори со Исламската Република Иран“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

„Сакам на сите да им ставам до знаење дека Иран е во многу лоша состојба, и економски и воено, и дека блокадата ќе остане во полна сила“, изјави тој.

Трамп тврдеше дека рекордни количества нафта минуваат низ Ормускиот Теснец. Според него, само синоќа низ тој поморски коридор поминале 22 милиони барели нафта, при што ниту еден барел не потекнувал од Иран, ниту бил наменет за Иран.

„Нема да го нападнеме Иран во ниту еден момент пред изборите за Конгресот што ќе се одржат во Соединетите Држави на 3 ноември“, напиша Трамп. Тој ја заврши објавата со порака напишана со големи букви: „ИРАН НЕМА ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ!“.

Текстот Трамп: Нема да го нападнеме Иран пред изборите во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top