Трамп објави кој ќе биде новиот американски амбасадор во ОН

Трамп објави кој ќе биде новиот американски амбасадор во ОН

пред 2 месеци

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја избра републиканската американска претставничка Елис Стефаник за амбасадор на САД во Обединетите нации, соопштено е синоќа.

„Чест ми е што ја номинирав Елис Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадор на САД во Обединетите нации. Елис е неверојатно силен, цврст и паметен борец за Америка пред се“, се вели во вчерашната изјава на новоизбраниот претседател.

Стефаник (40), претставник од државата Њујорк, образована на Харвард и претседателка на републиканската конференција на Домот, беше верен сојузник на Трамп. Во објава на Икс, таа рече дека ја прифатила номинацијата.

„Работата што претстои е огромна бидејќи гледаме дека антисемитизмот вртоглаво расте заедно со четиригодишното катастрофално слабо американско лидерство кое значително ја ослабе нашата национална безбедност и ја намали нашата позиција во очите на сојузниците и на противниците“, рече Стефаник.

Номинацијата на Стефаник е предмет на одобрување во Сенатот, што се очекува откако нејзините колеги републиканци ја вратија контролата врз горниот дом на минатонеделните избори.

Текстот Трамп објави кој ќе биде новиот американски амбасадор во ОН е превземен од МАКФАКС.