Трамп откри како било извлекувањето на пилотот од Иран

Трамп откри како било извлекувањето на пилотот од Иран

пред 3 часа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е мобилизирана масовна операција за спасување на пилотот кој останал на територијата на Иран.

Тој рече дека користеле измама за да ги убедат иранските сили дека пилотот е на друга локација.

„Во зачудувачка демонстрација на вештина и прецизна смртоносна сила, американската војска се спуштила на една област, се соочила со непријателот, спасила заробен офицер и ги неутрализирала сите закани“, рече Трамп.

Зборувајќи за опремата што се користела во операцијата, тој изјави дека биле распоредени 155 авиони, вклучувајќи четири бомбардери, 64 борбени авиони, 48 авиони за полнење гориво и 13 авиони за спасување.

„Никој нема опрема како нас. Ние сме убедливо најмоќната војска во светот“, рече Трамп.

Toj изјави дека неговата администрација „работи напорно“ за да го пронајде лицето што ги открило информациите за исчезнатите војници во Иран.

Додаде дека станува збор за „национална безбедност“ и му се закани на новинарот што ја објавил приказната дека ќе заврши во затвор ако не го открие изворот.

„Тие ја ставија мисијата во голем ризик. Го ставија тој човек во голем ризик и стотиците луѓе што отидоа да го земат“, додаде тој.

Директорот на ЦИА изјави дека операцијата за спасување на исчезнатиот американски пилот била „трка со времето“.

Зборувајќи за употребата на измама во операцијата, Џон Ратклиф рече дека е „клучно“ да се пронајде пилотот што е можно побрзо, а воедно „непријателот да се држи во темница“.

Тој додаде дека кампањата за измама е започната за да се збунат иранските сили што го бараат.

Истакна дека Иранците се „засрамени и на крајот понижени“ од успехот на операцијата и нагласи дека САД нема да остават ниту еден од своите војници зад себе.

 

фото/Depositphotos

Текстот Трамп откри како било извлекувањето на пилотот од Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top