Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со претставници на властите на Мјанмар по силниот земјотрес што денеска ја потресе земјата.
Ќе помогнеме – изјави Трамп во Белата куќа.
Најмалку 144 лица загинаа во земјотресот во Мјанмар. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.
Во соседен Тајланд загинаа најмалку 10 лица.
Текстот Трамп разговарал со претставници на Мјанмар и ветил помош за земјата е превземен од МАКФАКС.