Започна историското судење на Трамп

Трамп размислува за позиција во кабинет за Илон Маск доколку победи во ноември

пред 1 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја разгледа потенцијалната позиција на извршниот директор на Тесла, Илон Маск во неговиот кабинет, доколку победи на изборите во ноември.

„Тој е многу паметен човек. Сигурно би сакал. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп во понеделникот во интервју за Ројтерс.

Во истото интервју, Трамп посочи дека е подготвен да го укине даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило.

Текстот Трамп размислува за позиција во кабинет за Илон Маск доколку победи во ноември е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top