Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што дошле“ затоа што „нивната земја не е добра со причина“. Острите коментари дојдоа по медиумските извештаи дека имиграциските власти планираат голема операција насочена кон сомалиската заедница во Минесота, објави Би-Би-Си.
„Не ги сакам во нашата земја“
„Не ги сакам во нашата земја, ќе бидам искрен со вас“, рече Трамп за време на вчерашниот состанок на кабинетот. Тој додаде дека САД би „тргнале по погрешен пат ако продолжиме да дозволуваме ѓубре да влезе во нашата земја“.
Неговите изјави, дадени на крајот од повеќечасовниот телевизиски состанок, беа недвосмислени: „Не ги сакам во нашата земја. Ќе бидам искрен со вас, во ред. Некои луѓе ќе речат: „О, тоа не е политички коректно“. Не ми е гајле. Не ги сакам во нашата земја“.
„Со Сомалија, која е едвај земја, знаете, тие немаат ништо. Тие само се убиваат едни со други. Нема структура“, тврдеше Трамп.
Потоа претседателот ја нападна пратеничката Илхан Омар, првата сомалиско-американска личност избрана во Конгресот, со која и претходно се судри. „Секогаш ја гледам“, рече тој, додавајќи дека Омар „ги мрази сите. И мислам дека е некомпетентна личност“. Омар возврати на социјалните мрежи: „Неговата опсесија со мене е ужасна. Се надевам дека ќе ја добие помошта што очајно му е потребна“.
Текстот Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја е превземен од МАКФАКС.






