Трамп ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина

Трамп ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина

пред 6 месеци

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Украина за да го види обемот на рускиот напад, додавајќи дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“.

„Имам голема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“, рече Трамп, пренесува „Newsmax“.

Според него, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден „моментално се занимава“ со Зеленски и не би сакала „да создаде конфликт на интереси“.

Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина откако поранешниот американски претседател рече дека може да ја прекине руската војна против Украина во рок од 24 часа доколку победи на изборите следната година.

Во интервју за Ен-Би-Си, Зеленски го доведе во прашање тврдењето на Трамп и го покани да ја посети Украина за да се увери во размерите на руската инвазија.

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути – да, 24 минути, да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да управува со оваа војна. Тој не може да донесе мир поради рускиот претседател Владимир Путин“, рече Зеленски.

Трамп во мај за Си-Ен-Ен тврдеше дека војната немаше да се случи доколку тој беше претседател кога започна руската инвазија во полн обем и дека би можел да го реши конфликтот за еден ден доколку биде реизбран.

„Ќе се сретнам со Путин. Ќе се сретнам со Зеленски. И двајцата имаат слабости и имаат силни страни. И во рок од 24 часа таа војна ќе биде решена“, рече Трамп.

Текстот Трамп ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top