Трамп: Ја отвораме првата рафинерија по 50 години,најголемиот договор во историјата на САД

Трамп: Ја отвораме првата рафинерија по 50 години,најголемиот договор во историјата на САД

пред 2 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја добијат првата нова рафинерија за нафта по 50 години.

Објавата доаѓа во време кога глобалните цени на нафтата се зголемени поради интензивирањето на конфликтот на Блискиот Исток. Од почетокот на американско-израелската војна против Иран, цените на нафтата силно флуктуираа, а во понеделник ја пробија границата од 100 долари за барел.

„Америка се враќа кон ВИСТИНСКА ДОМИНАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈА! Денес сум горд што објавувам дека America First Refining ја отвора ПРВАТА нова рафинерија за нафта во Америка за 50 ГОДИНИ во Браунсвил, Тексас. ОВА Е ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ОД 300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, НАЈГОЛЕМИОТ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД, ОГРОМНА ПОБЕДА за американските работници, енергијата и големите луѓе од Јужен Тексас!

Благодарение на нашите партнери во Индија и нивната најголема приватна енергетска компанија Reliance за оваа огромна инвестиција. Благодарение на нашата политика „Америка прва“, забрзаното лиценцирање и намалувањето на даноците, привлековме милијарди долари инвестиции што се враќаат во нашата земја“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

„Новата рафинерија во пристаништето Браунсвил ќе го снабдува американскиот пазар, ќе ја зајакне нашата национална безбедност, ќе го зголеми американското производство на енергија, ќе генерира милијарди долари економско влијание и ќе биде НАЈЧИСТАТА РАФИНЕРИЈА ВО СВЕТОТ.

Тоа ќе го поттикне глобалниот извоз и ќе донесе ИЛЈАДНИЦИ долгоочекувани работни места и економски раст во регион што го заслужува тоа. Вака изгледа АМЕРИКАНСКАТА ДОМИНАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА. АМЕРИКА ПРВА, СЕКОГАШ!“, додаде тој.

 

фото/Depositphotos

Текстот Трамп: Ја отвораме првата рафинерија по 50 години,најголемиот договор во историјата на САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top