Трамп ќе учествува во дебатата со Бајден на 15 октомври

пред 4 години

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да учествува на претседателската дебата закажана за 15 октомври со демократскиот противник Џо Бајден.

Таков е планот и покрај фактот дека тој заболел од коронавирус, изјави неговиот портпарол Тим Мурто.

„Претседателот има намера да учествува во дебатата“, изјави Мурто за „Фокс њуз“, откако Трамп се врати од болницата „Волтер Рид“ во Белата куќа.

На втората дебата што ќе се одржи во Мајами, кандидатите треба да одговараат на прашањата на гласачите.

 

Share
Scroll to Top