Тревога во неколку украински градови, за жителите на Киев нова наредба, до понеделник нема излез од куќите

пред 3 години

„Киев Индипендент“ објавува дека е прогласена воздушна опасност во неколку украински градови.

Војната во Украина влезе во третиот ден. Борбите не престануваат, има се повеќе жртви. Граѓаните ја напуштаат државата, функционерите повикуваат на преговори.

Русите тврдат дека Зеленски го напуштил Киев.

На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите куќи до понеделник до 8 часот наутро, пренесуваат агенциите.

„Киев Индипендент“ објави дека страниците на Кремљ се урнати и дека во моментов не може да се пристапи до нив. Се додава дека украинската агенција за телекомуникации известила дека се урнати шест страници од руската влада. „Aнонимуси“, кои најавија дека започнуваат сајбер војна против Русите, пред еден час најавија дека ќе продолжат со нападите.

Дописникот на Гардијан на Твитер објави дека на сите руски единици им е наредено да напредуваат во сите сектори.

Тој додава дека руски агенции пишуваат дека наредбата дошла од Министерството за одбрана откако Украина ги одбила преговорите.