Трет земјотрес го потресе Јадранот, почувствуван и во Италија

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Далмација и Италија, претежно на островот Вис, информираат медиумите во регионот.

Во 8.35 часот е регистриран уште еден земјотрес на Јадранот, со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 110 километри јужно од Сплит и 57 километри јужно од Вис.

Само за потсетување, денеска рано наутро беа регистрирани два нови земјотреси на Јадранот. Првиот со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала се случил во 5,00 часот, со епицентар на 65 километри северозападно од Виеште во Италија.

Вториот беше во 7,51 часот со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 48 километри југоисточно од Вис и 100 километри јужно од Сплит.

Share
Scroll to Top