Три тони кокаин и 11,3 милиони евра во готовина, заплени полицијата во близина на Амстердам

пред 3 години

Холандската полиција заплени скоро три тони кокаин и 11,3 милиони евра во готовина, кога упадна во фарма во близина на Амстердам, што е една од најголемите заплени на дрога, соопшти денеска полицијата.

Кокаинот, чија проценета улична вредност е 195 милиони евра, бил скриен во блокови во зградата на околу 20 километри јужно од холандската престолнина и во возилата што ги пребарувале истражителите, пренесуваат холандските медиуми.

Полицијата открила и шест пиштоли, придушувачи, муниција, како и луксузни предмети и машини за броење пари за време на рацијата извршена минатиот четврток, се вели во соопштението на полицијата во Амстердам.

Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, беа уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со големи размери на дрога. Тие се појавија пред истражниот судија и им беше наредено да бидат притворени 14 дена, додека истрагата продолжува.

Холандија, со своето главно меѓународно пристаниште Ротердам, е клучен влез во Европа за дрога која главно се испорачува од Јужна Америка.

Share
Scroll to Top