Тројцата повредени на железничката станица во Нови Сад се уште во тешка состојба

Тројцата повредени на железничката станица во Нови Сад се уште во тешка состојба

пред 2 недели

Лекарите се уште се борат за животот на три лица, кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Состојбата на повредениот млад човек Ц.В.(18) и две девојки М.Т.(23) и понатаму е многу тешка.

– Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување – велат за Дневник од УКЦ на Војводина.

За потсетување, во петокот при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени. Погребани сите 14 жртви од тешката трагедија што ја погоди Србија.

Текстот Тројцата повредени на железничката станица во Нови Сад се уште во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top