Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

пред 11 месеци

Тројца британски државјани од албанско потекло се приведени под сомнение за силување на 28-годишна жена во хотел во Сплит, објавува „Далматински портал“.

Полицијата добила пријава во вторникот, кратко по 7 часот наутро. На местото на настанот пронашле еден осомничен, додека другите двајца биле брзо пронајдени и уапсени.

По завршувањето на кривичната истрага, полицијата утврдила дека постои основано сомнение дека тројцата заеднички и согласно го сториле тешкото кривично дело силување врз хрватската државјанка.

Тие биле испрашани од државното обвинителство, а се очекува предлог за изрекување мерка притвор.

Фото: принтскрин

Текстот Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top