Туниските безбедносни сили упаднале во канцеларијата на „Ал Џазира“

пред 3 години

Туниските безбедносни сили упаднале во канцелариите на „Ал Џазира“ и го избркале персоналот, објави медиумската група на социјалните мрежи откако претседателот Каис Саид доцна синоќа ја собори владата во потег што неговите непријатели го нарекоа државен удар.

Најмалку 20 полицајци во цивилна облека влегоа во канцеларијата утринава, објавија новинарите на „Ал Џезира“ Тунис, велејќи дека полицајците немале налози за рацијата.

„Безбедносните сили вклучени во рацијата рекоа дека извршуваат наредби и ги замолија сите новинари да си заминат. Ние не добивме никакво претходно известување за бркање од нашата канцеларија од страна на безбедносните сили“, рече Љутфи Хаџи, шеф на бирото на „Ал Џезира“ во Тунис.

Репортерите изјавија дека им било наредено да ги исклучат телефоните и не им било дозволено да се враќаат во зградата за да си ги земат личните работи, а полицијата ја запленила другата опрема.

Репортери без граници ги осудија упадот во канцеларијата на „Ал Џезира“ во Тунис и вмешувањето на медиумите во политички конфликти.

Потегот се случи еден ден откако претседателот Саид ги разреши премиерот Хихем Мечичи и парламентот и ја презеде извршната власт на владата, а армијата утрово го спречи спикерот на парламентот, Рахед Ганучи, да влезе во парламентот.

„Јас сум претседател на парламентот и ние сме избрани пратеници, но сме спречени да си ја завршиме работата. Шокирани сме што за оваа работа ја користат армијата и ја затвораат портата на демократијата. Тунискиот народ одбива да се врати во автократија и авторитарност,“ објавија агенциите.

 

Share
Scroll to Top