Турскиот амбасадор во Австрија повикан на разговор поради Ердоган

пред 3 години

Министерството за надворешни работи на Австрија го повика на разговор турскиот амбасадор Озан Чејхун, бидејќи претседателот на Турција ја „проколна“ Австрија.

Реџеп Таип Ердоган реагираше на потегот на Австрија, која го постави израелското знаме на зградата на Владата во знак на солидарност поради конфликтот во Појасот Газа.

„По апсурдните изјави на Ердоган, турскиот амбасадор беше повикан на разговар во министерството со цел јасно да го пренесе ставот на Австрија“, се вели во соопштението на австриското министерство, пренесува „Спутник“.

Министерот за надворешни работи Александар Шаленберг истакна дека конфликтот на Блискиот Исток не може да се реши со пена во уста.

Ердоган реагираше луто на постапката на Австрија, сфаќајќи ја како поддршка на Израел.

„Ја проколнувам австриската држава. Тие веројатно сакаат муслиманите да ја платат цената на геноцидот врз Евреите”, рече Ердоган.

Share
Scroll to Top