Турските безбедносни сили вчера уапсија 16 лица во главниот град Истанбул за наводно финансирање на Исламска држава.
Локалните медиуми цитираат безбедносни извори кои велат дека контратерористичкиот оддел на истанбулската полиција почнал операција за апсење на осомничените за финансирање на елементи на ИД.
„Безбедносните сили извршија рации во голем број домови во Истанбул, при што уапсија 16 осомничени“, посочуваат изворите.
Оттаму додаваат дека безбедносните сили продолжуваат со истрагата за дејствата на осомничените за финансирање тероризам и поврзаност со вооружена терористичка организација.