Турција ќе произведува руска вакцина

пред 4 години

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) потпиша договор со водечки турски фармацевтски производител за производство на вакцината „спутник В“ во Турција и го започна процесот на пренос на технологија.

Потенцијалниот обем на производство е еден милион дози вакцина „спутник В“ годишно. Исто така се разгледува можноста за проширување на производството. Вакцината ќе биде доставена и на турскиот пазар и во други земји.

Турските партнери изразија голем интерес за вакцината „спутник В“, чијашто ефикасност е поголема од 90 проценти, со цел да го вакцинираат населението и да произведуваат за извоз во трети земји.

Вакцината „спутник В“ е направена врз основа на докажана и добро проучена платформа на човечки аденовирусни вектори и веќе доби одобрение за употреба во Русија, Белорусија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Србија, Боливија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.