На Украина ѝ требаат уште половина милион регрути, мажите повеќе не сакаат да војуваат

Туск и Фијала: Полска и Чешка нема да испраќаат војници во Украина

пред 11 месеци

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека земјата не размислува за испраќање војници во Украина.

Тој го изјави ова во Прага по средбата со чешкиот премиер Петр Фијала и додаде дека Полска е подготвена да учествува во секоја иницијатива што ќе ја доведе војната во Украина до крај, пренесува Ројтерс.

Фијала рече дека ниту Чешка нема да испрати воено засилување во Украина и дека Полска е подготвена да учествува во чешката иницијатива за обезбедување оружје за Украина од земји надвор од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Текстот Туск и Фијала: Полска и Чешка нема да испраќаат војници во Украина е превземен од МАКФАКС.