Туск: Не доаѓа предвид ЕУ да ги ублажи санкциите врз руската нафта сега

Туск: Не доаѓа предвид ЕУ да ги ублажи санкциите врз руската нафта сега

пред 2 часа

Полскиот премиер Доналд Туск денес на меѓународната конференција за енергетика во Гдањск изјави дека поради војната на Блискиот Исток и претстојната енергетска криза, Европската Унија ќе ги ублажи санкциите врз руската нафта и гас и нема да се врати на вообичаениот предвоен бизнис со Русија.

Тој исто така рече дека Полска сигурно никогаш повеќе нема да стане зависна од руските извори на енергија.

„Полска сигурно, но ние ја сметаме и цела Европа, никогаш повеќе нема да биде зависна од руската нафта и рускиот гас. За нас, ова е прашање на вистински суверенитет. Ќе соработуваме со нашите партнери и сојузници. Ја разбираме потребата од меѓународна соработка, без неа не можеме да ја изградиме нашата нуклеарна централа. Добро го знаеме сето ова, но ќе соработуваме со оние на кои можеме да се потпреме, а не со оние кои се закана за нас“, рече тој.

Туск потсети дека како премиер на Полска во 2014 година, по анексијата на Крим, покренал иницијатива за енергетска унија во ЕУ и дека заедно со земјите од регионот сè уште работи на одржување на тој курс и независност од руските извори на енергија.

„Некаде слушам гласови во врска со енергетската криза, војната на Блискиот Исток, дека можеби би вредело да се олабават санкциите, дека можеби би вредело да се вратиме на секојдневниот енергетски бизнис со Русија. Тоа не доаѓа предвид, господа. Станува збор за безбедност, прашање на опстанок на Западот, Европа, Полска, и тука сметам не само на разбирањето на нашите партнери, туку и на соработката“, рече Туск, пренесува Танјуг.

Во своето обраќање на енергетската конференција во Гдањск, полскиот премиер истакна дека сега со војната во Украина и избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток, јасно е колку се испреплетени безбедноста на Европејците и достапноста и цените на енергијата.

Текстот Туск: Не доаѓа предвид ЕУ да ги ублажи санкциите врз руската нафта сега е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top