Уапсена е Весна Меденица, поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора

пред 3 години

Весна Меденица е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Голубовци, потврдија за црногорски „Вијести“ повеќе извори од Полициската управа.

Според сигурни информации на Телевизија „Вијести“, таа е приведена поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела: создавање на криминална организација и противзаконско влијание.

„Меденица е уапсена откако им ги предала патните исправи на граничните полицајци. Ноќта ја минала во бетонскиот погон на Центарот за безбедност (ЦБ) Подгорица, а денеска се очекува да биде изведена во надлежното Специјално обвинителство.

Меденица беше на чело на Врховниот суд 17 години, до нејзината оставка на крајот на 2020 година.