Уапсена медицинска сестра од Англија обвинета за убиство на осум бебиња

пред 3 години

Медицинска сестра од Англија е приведена по трет пат, но овојпат со покренато обвинение дека е виновна за смртта на неколку бебиња. Полицијата соопшти дека жената била повторно уапсена под обвинение за убиство на осум бебиња и обид за убиство на уште девет, во неонатална единица во болницата Честер, јужно од Ливерпул.

Според АП, полицијата најпрво започнала истрага поради необјаснивата смрт на бебето во мај 2017 година. Детективите ги прегледале записите за 15 новороденчиња кои починале во 2015 и 2016 година, а подоцна тој број се искачи на 17 смртни случаи и 16 повредени бебиња. Медицинската сестра претходно беше уапсена во 2018 и 2019 година и беше ослободена со кауција и не беше обвинета.

Таа денес беше испрашувана во одделот за притвор, а главниот инспектор Пол Хјуз изјави дека тимот детективи работи на „многу сериозен и чувствителен случај“, но тој не сакаше да даде повеќе детали.

„Родителите на сите бебиња се во тек со истрагата и биле информирани за најновите случувања. Ова е многу тешко време за сите овие семејства и важно е да се запамети дека многу тажни семејства бараат одговори на прашањето што им се случило на нивните деца”, рече Хјуз.

Share
Scroll to Top