Четириесет и седумгодишен маж беше уапсен денес под сомнение дека бил во контакт со напаѓачот кој уби тројца и повреди неколку лица во Ница во четвртокот наутро, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.
Човекот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот.
Во четвртокот наутро, напаѓачот, по потекло од Тунис, за кој е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, убил три лица извикувајќи „Алах акбар“.