Уапсен маж за кој се сомнева дека е поврзан со нападот во Ница

пред 3 години

Четириесет и седумгодишен маж беше уапсен денес под сомнение дека бил во контакт со напаѓачот кој уби тројца и повреди неколку лица во Ница во четвртокот наутро, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Човекот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот.

Во четвртокот наутро, напаѓачот, по потекло од Тунис, за кој е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, убил три лица извикувајќи „Алах акбар“.

Share
Scroll to Top