Уапсен маж кој пукал пред синагога во Њујорк

Уапсен маж кој пукал пред синагога во Њујорк

пред 1 година

Полицијата уапси маж кој пукал двапати со пушка пред синагога во Aлбани, Њујорк, неколку часа пред почетокот на прославата на Ханука, а во инцидентот нема повредени, соопшти полицијата.

Според извештаите, 28-годишниот маж извикал: „Слобода за Палестина“, пренесе АП.

Полицијата не го идентификуваше напаѓачот, но гувернерката Кети Хочул рече дека тој бил локален жител.

Полицијата соопшти дека инцидентот се истражува како злосторство од омраза и дека нема индикации дека биле вмешани други лица.

Хочул рече дека е особено несреќно што инцидентот се случил на почетокот на еврејскиот празник Ханука, кој започна во четвртокот навечер.

Хочул на прес-конференцијата истакна дека ова не е само напад на верски објект, туку, како што наведе, на самата структура на општеството и слободата на изразување на верата.

Хочул рече дека и наредила на полицијата и на њујоршката Национална гарда да бидат во состојба на готовност и да ги зголемат планираните патроли на места со висок ризик за време на празникот.

Текстот Уапсен маж кој пукал пред синагога во Њујорк е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top