Британски пратеник од редовите на Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон е уапсен под сомнение за силување и други сексуални престапи извршени во период од седум години, објавија британските медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Полицијата на Лондон соопштила дека маж на околу 50-годишна возраст е уапсен под сомнение за сексуален напад, силување, злоупотреба на доверба и недолично однесување на јавна функција, пренесува Ројтерс.
Ниту полицијата, ниту дисциплинската служба на Конзервативната партија не го именувале осомничениот, кој е во притвор до понатамошно известување, пишуваат агенциите.
Портпаролката на Конзервативната дисциплинска служба, која е задолжена за партиска дисциплина во парламентот, потврдила дека уапсениот е пратеник на конзервативците и изјавила дека на пратеникот му било кажано да се држи подалеку од комплексот на британскиот парламент за време на полициската истрага.