Уапсен уште еден осомничен за спектакуларниот грабеж во музејот во Дрезден

пред 4 години

Германската полиција уапси еден од двајцата браќа близнаци кои побегнаа по минатогодишната спектакуларна кражба на скапоцени украси и накит од 18 век од музеј во Дрезден, пренесува АП.

Портпаролoт на полицијата во Дрезден потврди дека Мохамед Ремо (21) е уапсен во Берлин доцна синоќа и дека повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот.

Во операција минатиот месец, германската полиција уапси три лица поврзани со грабежот на музејот во Дрезден, од каде крадците украдоа голем брош со дијаманти, дијамантски еполети и други скапоцености кон крајот на ноември минатата година.

Осомничените за ова дело, на возраст меѓу 23 и 26 години, се обвинети за организиран грабеж и подметнување пожар.

Полицијата тогаш издаде и потерница за двајца браќа близнаци обвинети за истото злосторство, Мохамед Ремо и Абдул Мајед Ремо.

Пребарувањата во неколку локации сè уште не доведоа до откривање на исчезнатото богатство.

Властите понудија награда од половина милион евра за сите информации што ќе помогнат да се открие каде е украденото богатство.

Членови на семејството Ремо беа осудени на почетокот на годинава за слична спектакуларна кражба на канадски златник тежок сто килограми од музејот Бода во Берлин во 2017 година, во операција наречена „Големиот јаворов лист“.

Златникот вредна 3,75 милиони евра сè уште не е пронајден, а властите се сомневаат дека бил исечен на мали парчиња и продадена на тој начин.

Музејот во Дрезден е отворен во 1.723 година и е еден од најстарите музеи во светот. Содржи околу 4.000 предмети изработени од злато, скапоцени камења и други вредни материјали.

Share
Scroll to Top