Убиен уште еден руски полковник, кој командувал со елитен полк

пред 2 години

Според се уште непотврдени информации, во Украина е убиен уште еден руски полковник. Доколку се потврди, тоа ќе биде деветтиот руски полковник убиен во војната што започна пред 46 дена.

Полковник Александар Беспалов беше командант на 59-от тенковски полк на руската армија. Не е јасно каде и како е убиен, наведува Би-би-си.

Веста за неговата смрт беше објавена на онлајн огласна табла во рускиот град Озерск, каде се чини дека е погребан во петокот. Пораката оттогаш е избришана. Информации за смртта на Беспал објави и украинската армија.

Украинскиот новинар Виктор Коваленко наведува дека Беспалов командувал со елитен тенковски полк.

Во објавата која и се припишува на сестрата на Беспал се вели дека „невозможно е да се опише со зборови болката од губењето на саканата личност“.

Информациите за смртта на Беспал се уште не се независно потврдени.

Share
Scroll to Top