Убиецот на Џорџ Флојд на слобода откако плати кауција од еден милион долари

пред 4 години

Поранешниот полицаец од Минесота, Дерек Човин, обвинет за убиството на Џорџ Флојд, е пуштен да се брани на слобода со кауција од еден милион долари. Според судските документи, Човин платил кауција од еден милион долари.

Флојд почина на 25 мај откако Човин го притиснал на вратот по што тој изгубил воздух и починал. Тоа се случило при неговото приведување, откако се обидел во продавница да плати со фалсификувани 20 долари.

Тројцата полицајци вклучени во инцидентот – Томас Лејн, Александар Куенг и Ту Тао – се обвинети за соучество во убиството од втор степен. Тие платија кауција порано од 750 илјади долари  и го чекаат судењето на слобода.

Сите четворица требаше да се појават на суд во март, но се размислува да им се суди индивидуално.

Во кривична пријава против Човин се наведува дека тој го притискал со коленото на вратот вкупно скоро три минути откако Флојд престанал да се движи и да зборува, објави АП.

Смртта на Џорџ Флојд предизвика протести и немири низ цела Америка.

Share
Scroll to Top