Убиство во ковид-болница во Атина, пациент бил исклучен од респиратор

пред 3 години

Човек кој се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент, откако го исклучил од респиратор, соопшти денеска грчката полиција.

Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останаува под стража во атинската болница се додека не се опорави, пренесе агенцијатa „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од ковид, починал во средата вечерта откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.

Двајцата пациенти лежеле на истото одделение, информираат од полицијата.

Share
Scroll to Top