Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Игор Жовква потврди дека надлежните украински функционери пополниле прашалник што е прв чекор и почетна точка за процесот на одлучување на Европската унија за пристапување на Украина.
Прашалникот за членство го предаде претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен за време на посетата на Киев на 8 април, кога таа му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски побрз почеток на процесот за членство во ЕУ, наведува Ројтерс.
– Можам да потврдам дека украинската страна го пополни прашалникот. Украина очекува да добие статус на земја-кандидат за влез во ЕУ во јуни, за време на закажаниот состанок на Европскиот совет – рече Жовква.