Украина: Две лица загинаа во рускиот напад на Суми

Украина: Две лица загинаа во рускиот напад на Суми

пред 4 месеци

Во ударот на руска наведувана бомба во селото Јампиљ во регионот Суми во Украина две лица загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и едно дете, соопштија локалните власти.

Во нападот се оштетени куќи, цивилна инфраструктура и прекинато е снабдувањето со електрична енергија, објави регионалната воена администрација на „Телеграм“, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 24 од 26 дрона лансирани од Русија во текот на ноќта во четири украински региони.

Текстот Украина: Две лица загинаа во рускиот напад на Суми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top