Од украинското Министерство за надворешни работи пристигна реакцијата на денешната пресуда за смртна казна изречена од страна на меѓународно непризнатиот суд на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) за двајца Британци и еден Мароканец кои во април беа заробени од руските сили во Мариупол.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Украинското Министерство наведува дека сите тројца се активни припадници на вооружените сили на Украина и треба да ги имаат сите права што им припаѓаат на воените заробеници.
„Според меѓународното хуманитарно право, тие имаат правен статус на воени затвореници“, изјави Олех Николенко, портпарол на украинското министерство.
„На непријателот му е забрането да ги злоупотребува, заплашува и нехумано да постапува со нив“, додаде тој.
„Таканареченото ‘судење’ на нашите војници на окупираната територија на Украина е безвредно“, рече Николенко, додавајќи дека судењето ги става интересите на пропагандата над законот и моралот.
„Украинската влада ќе продолжи да прави се што е можно за да ги ослободи сите украински бранители“, истакна тој.
Руската новинска агенција РИА Новости, пак, јавува дека досега не е извршена ниту една смртна казна изречена од судот во т.н. ДНР, повикувајќи се на извори од судот на таа самопрогласена парадржава.