Украина: Најдовме 26 тела под две урнати згради во Бородјанка

пред 3 години

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова рече дека 26 тела биле пронајдени под две урнати згради во Бородјанка, околу 23 километри западно од Буча, пренесува Ројтерс.

Таа не кажа дали властите ја утврдиле причината за смртта, но ги обвини руските војници дека извршиле воздушни напади врз градот, по кој украинските власти трагаат по повлекувањето на руските војници кои го окупираа. Говорејќи на телевизиски брифинг, таа рече:

„Бородјанка е во најлоша ситуација во смисла на разурнатост и неизвесност околу бројот на жртвите“. Додаде дека бројот на жртвите во Бородјанка ќе биде поголем од каде било, но не наведе повеќе детали.

Share
Scroll to Top