Украина очекува 150 авиони, Зеленски рече: „Ќе ја зајакнеме борбената авијација“

Украина очекува 150 авиони, Зеленски рече: „Ќе ја зајакнеме борбената авијација“

пред 14 часа

Украина очекува да добие 150 авиони „Грипен“ од Шведска, од кои првиот треба да пристигне следната година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Заедно со Шведска, Украина значително ќе ја зголеми својата борбена авијација. Договорот со Шведска за борбените авиони „Грипен“ е историски чекор и е добар избор. Сметаме на 150 вакви авиони за Украина, а првите треба да пристигнат следната година – рече Зеленски во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Тој додаде дека авионите „Грипен“ се дел од безбедносните гаранции на Украина.

– Ваквите воени воздухопловни сили ќе можат сто проценти да го заштитат нашето небо. А толку голем договор за борбена авијација никогаш не е потпишан за Украина. Историско достигнување. Работиме на негово целосно спроведување – рече Зеленски.

Текстот Украина очекува 150 авиони, Зеленски рече: „Ќе ја зајакнеме борбената авијација“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top