Украина: Русија бесрамно ни ги киднапира децата

пред 2 години

Украина се обрати до Обединетите Нации и побара од нив да дозволи враќање на украинските деца кои, како што наведува, „нелегално биле депортирани од Украина“.

„Бесрамна закана е дека украинските деца ќе бидат незаконски посвоени од руски граѓани, без оглед на сите неопходни процедури предвидени со законите во Украина“, се вели во писмото до ОН.

„Русија го крши меѓународното хуманитарно право и основните стандарди на хуманоста. Руската држава организира киднапирање на украински деца и уништување на иднината на украинската нација“, се вели во писмото.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Украинските власти постојано предупредуваа дека Москва насилно депортира илјадници граѓани од опколениот и разурнат Мариупол во Русија. Кремљ ги негира обвинувањата и тврди дека Киев ги блокирал обидите за евакуација на цивили.

Share
Scroll to Top