Украина: Русија гранатираше станбени области во Харков

пред 3 години

Руските сили гранатираа станбени области во градот Харков во источна Украина, 89 пати во еден ден, но нема опасност за цивилите откако беше погоден институтот во кој се наоѓа нуклеарната лабораторија, изјави денеска гувернерот на харковската област Олех Синехубов.

„Сè уште нема закани за цивилното население“, рече Синехубов во видео обраќањето, пренесува Ројтерс.

Градот Харков е под немилосрдно бомбардирање на руските сили, потврди градоначалникот Ихор Терехов во денешното телевизиско обраќање.

Share
Scroll to Top