Русија објави дека Украина истрелала ракети со долг дострел обезбедени од Соединетите Американски Држави, еден ден откако Вашингтон даде дозвола за такви напади, информација што ниту Киев ниту Вашингтон не ја потврдија.
На 19 ноември Украина употреби воен тактички ракетен систем АТАКМС (ATACMS) во напад на руската област Брјанск, соопшти Министерството за одбрана во Москва. Тврдењето не можеше ни независно да се потврди.
Украинската војска претходно потврди дека нападнала складиште за муниција во руската област Брјанск, но не прецизираше дали е користен АТАКМС. Се наведува дека нападот, на магацин на околу 100 километри од границата кај градот Карачев, предизвикал 12 секундарни експлозии.
Соборени се пет проектили, а еден е оштетен, чии фрагменти предизвикале пожар во воен објект во регионот, се вели во руското соопштение.
Нападот е првпат ракети со долг дострел да се користат на меѓународно призната руска територија, откако Вашингтон ѝ сигнализираше на Украина дека има дозвола да го стори тоа. Русија изјави дека „соодветно ќе реагира“.
Текстот Украина ја нападна Русија со американски ракети со долг дострел, тврди Москва без потврда од Киев и САД е превземен од МАКФАКС.






