Масовни руски ракетни напади врз западна Украина

Украина: 1.100 ракети истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година

пред 4 месеци

Русија изврши 12 напади врз енергетската инфраструктура на Украина оваа година, а биле истрелани околу 1.100 проектили, објави украинската државна агенција „Укринформ“, цитирајќи висок украински дипломат.

Сергиј Кислица, постојан претставник на Украина во Обединетите нации, рече дека нападите вклучувале и крстаречки и балистички ракети.

Минатиот петок Русија изврши еден од најголемите напади врз украинската енергетска инфраструктура оваа година, користејќи 94 проектили и 193 беспилотни летала, рече Кислица.

Претходно, државната енергетска компанија „Укренерго“ процени дека Украина загубила околу 9 гигавати капацитет за производство на електрична енергија поради овие напади.

Текстот Украина: 1.100 ракети истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top