Украинската војска: Убивме околу 13.800 руски војници, уништивме 108 хеликоптери

пред 2 години

Украинските вооружени сили објавија нови податоци за руските загуби.

Според нив, од 24 февруари до 16 март, руските сили изгубиле приближно: околу 13.800 војници, 430 тенкови, 1.375 оклопни транспортери, 190 парчиња артилерија, 70 MLRS, 43 парчиња противвоздушно оружје, 84 авиони, 108 хеликоптери, 819 борбени возила, три брода и 60 цистерни за гориво.

Во меѓувреме, украинската армија објави и фотографии од запалени хеликоптери.

$bp(“Brid_47423500”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”973371″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Според објавата на „Твитер“, станува збор за руски хеликоптери на аеродромот во окупираниот Херсон.

„Украинските вооружени сили уништија руски хеликоптери на окупираниот аеродром во регионот на Херсон“, се вели во соопштението.

Џозеф Демпси, аналитичар кој работи за Меѓународниот институт за стратешки студии, исто така објави сателитски снимки на „Твитер“.

Share
Scroll to Top