Украинска агенција: Мерачите за радијација околу централата во Чернобил престанаа да работат

пред 3 години

Мерачите за радијација околу нуклеарната централа во Чернобил престанаа да работат, соопшти денеска Украинската агенција за нуклеарна енергија.

Агенцијата наведува и дека во тој регион нема повеќе пожарникари кои би можеле да ги заштитат шумите, озрачени поради децениската радиоактивност, во време кога температурата на воздухот расте.

Украинската агенција наведува и дека оваа комбинација на ризици може да значи значително влошување на способноста за контрола на ширењето на радијацијата во претстојниот период, не само во Украина, туку и надвор од нејзините граници.

Локацијата на нуклеарната централа во Чернобил, каде што експлозијата во 1986 година доведе до најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на планетата, беше заземена од руските сили на 25 февруари, ден по почетокот на инвазијата на Украина.

Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека персоналот во Чернобил е ротиран за прв пат по речиси еден месец.

Тие работат континуирано откако руските сили го окупираа комплексот, јавуваат агенциите.

Share
Scroll to Top