Украинска армија: На помош доаѓаат 16.000 странски доброволци

пред 2 години

Украинската армија објави дека дури 16.000 странски доброволци пристигнуваат да им помогнат во борбата против руската инвазија.

Да потсетиме, украинскиот претседател претходно оваа недела изјави дека формирал „меѓународна легија“ за странски доброволци кои се подготвени да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија.

Тој истакна дека ќе бидат примени само доброволци со воено искуство.

Share
Scroll to Top